Компаниите кои го доверуваат одржувањето на алиштата и останатите ткаенини на надворешни компании кои вршат услуги за перење, ја подобруваат продуктивноста и ја зголемуваат ефикасноста, односно заштедуваат ресурси и финансии – додека нивите производи и услуги го задржуваат истиот квалитет.
Приматекс Моја Перална е аутсорсинг партнер на многу компании кои ни ја дадоа нивната доверба и ги препознаа нашите услуги поради следните придобивки:
Приматекс е веќе докажано име во професионалната хигиена. Работиме срдечно и темелно, со максимална посветеност на нашите клиенти.
Нашата мисија е да ги одржуваме алиштата и останатите ткаенини чисти, а истовремено да го зачуваме нашето здравје и нашата околина. Вршиме одржливо и еколошко перење, инвестирајќи во најсовремени технологии и детергенти.
Секое парче ткаенина што ќе дојде во рацете на нашиот тим е третирано со најголема нежност, љубов и грижа.
DOMUS е компанија специјализирана за развој на машини за индустриско перење. Домус е водечки производител кој развива производи специјално дизајнирани за да ги задоволи потребите на сите видови клиенти, нудејќи широк спектар на машини за перење и останата придружна опрема за индустриски перални, хотели, ресторани, болници, резиденции и сите видови перални.
Опремата на Домус е дизајнирана врз основа на 5 основни концепти: високи перформанси, енергетска ефикасност, поврзаност, робусност и разновидност. Од друга страна, мисијата на Домус е да ги задоволи сите потреби на професионалното перење алишта со зголемени барања, конкурентно и на глобализиран пазар.
За Приматекс и за Домус како наш партнер е од витално значење да бидеме во секојдневен контакт со нашите клиенти, применувајќи ги корпоративните вредности кои отсекогаш не карактеризирале во сите области: иновации, искуство, дијалог и професионализам.
DIVERSEY е специјалист за поддршка во областа на комерцијално перење и глобален лидер во областа на технологијата за вода и енергија, хигиена и услуги.
Со највисок квалитет на професионални производи за перење, главна карактеристика на DIVERSEY е процесот на еколошка дезинфекција при перење на белиот текстил и ефикасно отстранување на маснотии и ензимски дамки на ниски температури. Со ваквото перење се заштедува и продолжува животниот век и вредноста на текстилот.
Уникатната технологија за микро-емулзија и иновативните средства за белење комбинираат висока ефикасност на перење на ниски температури. Во перењето користиме исклучиво технологија и производи DIVERSEY со кои е можно да се постигнат истите хигиенски барања при пониски температури, притоа белината и квалитетот на перењето да бидат врвни дури и при перење на 40 степени.